На интернет натпреварот „Best Mozart Performance”, во рамките на „Great Composers” светските натпревари, во конкуренција на инстументалисти од САД, Полска, Канада, Велика Британија, Германија и други земји од целиот свет, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во неговата категорија.
14-годишниот пијанист Арда Мустафаоглу е ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на м-р Самира Мустафаоглу.
Тој со своите настапи ја плени не само македонската публика, туку и публиката на бројните меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија каде има добиено многубројни први награди.