Коха диторе: Тачи заминува од премиерската функција по завршувањето на дијалогот со Белград

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи по завршувањето на политичкиот дијалог на високо ниво со Белград, кој започна неодамна, заминува од премиерската функција, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Според весникот, по завршувањето на дијалогот се очекува рокада, со која Тачи заминува на функцијата шеф на државата, а на негово место доаѓа Хамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово, јави дописникот на МИА.

Домашни и меѓународни извори за весникот изјавиле дека постои план меѓу Демократската партија на Тачи и Алијасата за иднината на Косово на Харадинај за долгорочна владина соработка, со која се предвидува Харадинај да го замени Тачи на премиерската функција.

– Сепак за да се реализира планот потребно е да се обезбеди поддршка и од најголемата опозициска партија, Демокатскиот сојуз на Иса Мустафа, со цел да се обезбеди присуство на две третини од пратениците во процесот кога ќе се гласа за Тачи за претседател на Косово, стои во написот.

Веднаш по ослободувањето од Хаг, Харадинај ја изрази својата подготвеност да стане прв човек на косовската влада. Претходно извори од ДП на Тачи потврдија дека е постигнат договор за владина коалиција, на чие чело би бил Харадинај. Истите извори потврдуваат дека измените на Уставот, со кој шефот на државата би се избирал на непосредни избори, ќе останеле за подоцна поради фактот што било договорено Тачи да дојде на претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина