Во еден навистина интересен и неизвесен натпревар, репрезентацијата на Норвешка успеа да ја победи Хрватска и да се пласира во финалето од Светското ракометно првенство.
Норвешка водеше со 12-10 на полувремето, меѓутоа хрватите се вратија во вториот дел за по истекот на второто полувреме резултат да биде 22-22.
Хорват дури промаши и удар од седум метри досуден на крајот на натпреварот, со што го однесе натпреварот во продолженија.
По првите пет минути од продолженијата резултатот се уште беше изедначен, 24-24, но во последните пет минути Норвежаните успеаја да се издвојат и да слават со 28-25.
Најефикасен во редовите на Норвешка беше Мирхол со 6 постигнати погодици. Исто толку имаше и Златко Хорват од репрезентацијат на Хрватска.
Со оваа победа Норвешка оди во големото финале, каде што ја чека домаќинот Франција.
Финалето се игра во недела од 20.45, додека репрезентациите на Словенија и Хрватска утре ќе се борат за трето место.