Од Кичево почна кампањата „ЕУ за тебе“

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар со денешната прес-конференција во Кичево официјално ја почна кампањата на Делегацијата на ЕУ под мотото „ЕУ за тебе“.

Главната цел на кампањата е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта на Европската унија во Македонија. Кампањата „ЕУ за тебе“ има тематски пристап и почна со истакнување на важноста на одржувањето на чиста животна средина која е една од клучните политики и секторски приоритети на ЕУ и областа во која инвестира Унијата.

– Целокупната помош од ЕУ во областа на животната средина изнесува повеќе од 80 милиони евра во рамките на ИПА 1 (2007-2013). Планирана е натамошна поддршка во вредност од 100 милиони евра во рамките на финансиската распределба од ИПА 2 фондовите, рече Жбогар.

За Кичево, додаде, ЕУ обезбеди финансиски средства во износ од 5,2 милиони евра за изградба на печистителна станица и главен колектор во должина од четири километри.

Проектот во вкупна вредност од 7,5 милиони евра се реализираше во сосработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Кичево и јавните комунални претпријатија.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка