„Граѓаните на Република Македонија во ниту еден момент не смеат да заборават на причините за организирање на предвремените парламентарни избори – излез од повеќегодишната политичка криза во која Македонија ја втурна ВМРО-ДПМНЕ. Доколку успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, драстично ќе се продлабочи. Само недоветни може да помислат дека оние кои ја доведоа земјата во криза можат и да ја избават од неа и да трасираат пат за долгорочен развој на Македонската држава и општество. Не смее да се заборави фактот што пред очите на пошироката јавност беа обелоденити низа скандали на досегашната власт, поврзани со криминал и корупција.
И после се, доколку тие останат на власт, за очекување е да се фокусираат прес се на попречување на правдата и избегнување на кривична одговорност, а не на реформи, економски развој и демократизација на мекедонското општество. Моралниот императив, на кој како граѓани треба да бидеме подчинети, ја налага потребата од утврдување на вистината за масовната злоупотреба на власта.
Само болни умови и непоправливи криминалци можат да веруваат дека вистината и правдата како фундаментални вредности можат да бидат поништени со вољата на граѓаните на избори. И да е точно тоа дека доби најмногу гласови на избори како партија, мора да се знае дека "народот" е потчинет на моралниот поредок кој не произлегува од вољата на народот. Политичарите од власта се таму за да и служат на вистината и правдата и во никој случај тие вредности не смеат да бидат поразени на избори со гласачки ливчиња, па макар биле и најдемократски одржани.
Народот како и сите други управувачи е дел од моралниот поредок и нему му е потчинет. Крајно неморален и суров е обидот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ своите избирачи да ги прикаже како криминогени и криминални умови, кои давајќи им го својот глас за него и неговата партија, практично го одобруваат неговиот криминал и корупција. Класичен заложнички однос меѓу гласачите и партијата на власт, кој е речиси идентичен со федудалниот однос од средниот век.
Сите овие години на владеење ВМРО-ДПМНЕ функционираше како параполитичко братство. Односите меѓу браќа, сестри, не почиваат на принципите на политичко делување, туку на роднинските врски.
Општо познато е дека во институциите на државата доминираат роднински врски, од типот братучеди, сватови, синови, ќерќи, баџанаци и сл. Кај нив политичките односи се заменети со побратимство. Во ништо не се разликуваат од принципите со кои се оргнизира, раководи и делува мафијата. Тоа е свет на беззаконие, строга дисциплина и работа 24/7. Просто е несфатливо како луѓе со мошне скромно културно и образовно ниво, изопачен морал успеаа да ја заробат државата.
Агресивноста и примитивизмот го вгнездија длабоко во секојдневниот живот и во политиката. Културниот примитивизам што го наметнаа е основната причина за нашата фрагментација и само изолација.
На Македонија во овој момент и е неопходна сериозна општествена катарза и соочување со злосторствата направени во име на сопствениот народ, за да никогаш повеќе не се повтори. Заедничка цел на сите прогрсивни сили во државата е демаскирање и демонтажа на овој политички монструм, кој ја фрли земјата во најголемата криза од нејзиното постоење. Тие луѓе немаат правен, политички и морален кредибилитет да се претставуваат како соговорници и борци за излез од кризата. Да биде иронијата уште поголема, бараат дури и заедничка посветеност и од другите политички субјекти. Да имаат барем малку доблест, не смееја ниту да помислат да се позиционираат на изборните листи, а не пак сега да бараат мандат и да се позиционираат повторно на врвни државни функции. Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, изјави Тито Петковски, НСДП.