Одбележан Меѓународниот ден на царината

Од:

Под мотото „Анализа на податоци за ефективно гранично управување“, Царинската управа на Република Македонија денеска го одбележа Меѓународниот ден на царината, 26 Јануари.

Директорката Наташа Радеска Крстевска им додели пофалници од генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија на дванаесет царински службеници за придонес во успешно дизајнирање на системот на размена на податоци во рамките на SEED земјите партиципанти, нивна анализа и статистика, во анализите за детектирање на ризични точки кои резултирале со успешно спроведени операции во борба против криумчарењето на дрога, тутун и тутунски производи, како и во успешно спроведување на Проектот за мерење на времето за царинење и пропуштање стоки согласно методологијата на СЦО, кој Царинската управа на Република Македонија, во соработка со СЦО, го спроведе прва од земјите во регионот.

– Навременото собирање квалитетни податоци и нивната квалитетна анализа се битна претпоставка за успешно планирање на наплатата на приходите и операциите, утврдувањето на приоритетите, носењето на одлуките и мерењето на перформансите, стои во сооптението од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он