Општина Аеродром најави изградба на четири нови улици

Од:

Општина Аеродром од сопствени средства ќе гради четири нови улици во Стар Аеродром со вкупна должина од 800 метри, а заедно со Град Скопје ќе се пробива и реконструира булеварот „Васко Карангелевски“, најавија на денешната заедничка прес-конференција градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

– Објавен е тендер за изградба на четири нови улици во Стар Аеродром. Се работи за улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и уште две новопроектирани улици со вкупна должина од околу 800 метри со широчина од седум метри. Предвидена е изградба на атмосферска и фекална канализација, целосно ново осветлување и нови тротоари. Со изградбата значително ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните на општина Аеродром и ќе се подобри инфраструктурата во општината, изјави Коневски.

Посочи дека средствата се обезбедени од буџетот на општина Аеродром и дека проектот е предвидено да почне во месец март и да заврши до месец јуни годинава.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, рече дека булеварот „Трета Македонска бригада“, кој е во делот на Стар Аеродром, ќе биде реализиран во текот на месец април годинава.

– Вториот проект е пробивањето на булеварот „Васко Карангелевски“ од булеварот „Трета Македонска бригада“ кон Воениот базен. Сега се прават сообраќајните и градежни проекти, по што ќе биде објавен тендер за градба. Во 2017 целосно ќе биде реконструиран делот од „Васко Карангелевски“ почнувајќи од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „АСНОМ“. Во текот на април-мај ќе биде завршен и булеварот „АСНОМ“ на последна 5-ка, рече Трајановски.

Најави дека годинава ќе се почне со проектирање на булеварот „Борис Кидрич“ од Новата железничка станица до булеварот „Трета македонска бригада“, по што ќе се објави тендер за градба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски