Пјер Карден ќе ги учи Србите за мода

Од:

Францускиот моден дизајнер Пјер Карден вчера ја прими титулата Почесен доктор на науки што му ја додели Универзитетот во Белград „Мегатренд“, во кој тој започнува да работи како визитинг професор.
За него ова е исклучително важно признание и многу е задоволен што го добива од земја каква што е Србија, една од силите на поранешна Југославија.

„Знам дека вашата земја ги има преземено сите радости и сите таги од поранешна Југославија. Поминавте низ тешки времиња и воени конфликти“, рече тој, додавајќи дека последен пат бил во поранешна Југославија во својата младост.
Креаторот изрази жалење што во времето кога цела Европа се обединува, поранешна Југославија се разделува.

Зборувајќи за своето искуство, еден од најпознатите дизајнери кој ја основал својата модна куќа уште во 50–те години на минатиот век, рече дека модата се уште е неопходна.

„Замислете град без продавници, без салони“, запраша тој, додавајќи дека „Карден“ модната индустрија вработува повеќе луѓе отколку автомобилската индустрија и како таква претставува посебен начин за намалување на невработеноста.

Министерот за образование, Жарко Обрадовиќ, изјави дека Карден со својата посетата на белградската високо образовна институција и на Белград воопшто, им даде големо признание на Србија и на српскиот образовен систем.

„Посебна чест и привилегија е да се биде домаќин на уметник и модна икона од 20-тиот век”, рече Обрадовиќ, потсетувајќи дека Карден е и еден од 48–те члена на Француската академија на уметностите.
Ректорот на универзитетот „Мегатренд“, изјави дека институцијата доделува титула Доктор на науки веќе 23 години. Карден е седмиот по ред почесен добитник, а негова најголема заслуга е што успеа модата да ја спушти на нивото на обичниот народ.

На доделувањето на наградата присуствуваше и вицепремиерот на Србија, Ивица Дачиќ, поранешниот претседател на СР Југославија Зоран Лилиќ, како и голем број на српски членови на власта, професори, актери и уметници.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ