Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ги доби противниците на Европското првенство (У18) Б дивизија, кое ова лето ќе се игра во Естонија.
Македонија се наоѓа во групата Д заедно со селекциите на домаќинот Естонија, Република Ирска, Данска, Белгија и Швајцарија.
На шампионатот во Талин ќе играат 24 репрезентации, а двете првопласирани од секоја група ќе изборат место во четвртфиналето. Натпреварите ќе се играат од 28 јули до 6 август.
Во исто време во Словачка ќе се игра и шампионатот за кошаркари до 18 години во А дивизијата.