СП 2017: Франција против Словенија во борба за финале

Од:

Во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет вечерва во Париз ќе играат селекциите Франција и Словенија. Овие две репрезентации во последните 15 години одиграле девет меѓусебни дуели. Франција има шест победи, а Словенија две и еден натпревар завршил нерешено (26:26 на СП 2005). На претходното првенство во Доха Франција ја победи Словенија со 32:23.

На ова Светското првенство Франција која е домаќин и актуелен светски првак има седум победи од исто толку одиграни натпревари, додека Словенија постигна пет победи и имаше едно реми (Тунис) и еден пораз (Шпанија).

За Словенија ова ќе биде второ полуфинале на Светските првенства. Првото го играше пред четири години на шампионатот во Шпанија. Франција од 1993 година од 13 шампионати на 10 играла во полуфиналето и има освоено пет шампиониски титули (1995, 2001, 2009, 2011 и 2015).

Натпреварот ќе го судат германските судии Ларс Гепел и Маркус Хелбиг, кои на овој шампионат на Словенија и судеа два натпревара од групната фаза со Македонија (29:22) и со Шпанија (26:36).

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот. Утре во второто полуфинале играат Хрватска и Норвешка.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски