Столтенберг: Членството на Црна Гора во НАТО испраќа порака на стабилност

Од:

Членството на Црна Гора во НАТО ќе испрати силна порака на посветеност на регионалната безбедност, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на денешната средба со црногорскиот премиер Душко Марковиќ во Брисел.

Столтенберг истакна дека НАТО и Црна Гора многу години работеле заедно и оти се радува што соработката ќе премине на повисоко ниво кога земјата ќе стане членка на Северноатлантската алијанса.

Генералниот секретар на НАТО посочи дека 28 земји-членки до сега го ратификувале членството на Црна Гора, а денеска се очекува тоа да го направи и Франција.

Столтенберг и Марковиќ истакнаа дека се убедени оти нема да има проблеми при ратификацијата на пристапниот протокол и покрај скептичниот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски