Директни контакти меѓу Белата куќа и Кремљ се уште не се воспоставени откако амерриканскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Контактите на ниво на администрација се уште не се одвиваат, немаше досега никакви тајни активности и контактите допрва треба да се воспостават, наведе Песков.
Тој додаде дека во тек е рутинска дипломастка работа и оти Руската Амбасада во Вашингтон функционира и е в постојан контакт со колегите од Стејт департментот.