Комплетирано 9. коло од Првата кошаркарска лига

Од:

Со натпреварот меѓу Работнички и Струмица што се одигра вечерва во салата „Градски парк“ во Скопје беше комплетирано 9.коло од Првата кошаркарска лига.

Кошаркарите на Работнички ја остварија осмата победа и се вратија на првото место на табелата. Работнички славеше триумф со 104:64 (27:20; 26:15; 30:18 и 21:11). Најефикасни на натпреварот беа играчите на Работнички, Виктор Ефремовски и Андреј Маслино со по 21 поени.

Резултати на другите дуели од 9.коло: Пелистер – Вардар 69:57, Охрид – Фени Индустри 62:83 и Кожув – Куманово 80:69.

Табела:
Работнички 17 бодови
Фени Индустри 17
Куманово 15
Кожув 14
Пелистер 13
Струмица 11
Охрид 11
Вардар 9

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос