Состанокот во Брисел за Македонија продолжува утре

Од:

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија синоќа на полноќ го прекинаа состанокот во рамки на Корепер 2 групата токму за време на расправата за точката околу предлогот на Европската комисија за одредување почеток на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино само го претставил предлогот на Комисијата, по што започнало претставување на позициите на земјите-членки во врска со ова прашање. Но, состанокот набргу морало да биде прекинат, бидејќи состанокот на амбасадорите временски преминал во денешниот ден, па Корепер 2 групата ќе продолжи утре во 17 часот.

– Дискусијата околу други точки се одолжи, па токму кога дојде редот на предлогот на ЕК околу вашата земја, амбасадорите мораа да прекинат и ќе продолжат онаму каде што застанаа в петок, истакнаа од Кипарското претседателство со Унијата.

Според нашите информации од состанокот, иако е на високо амбасадорско ниво, тој тешко дека ќе донесе некаков договор во врска со заклучок за Република Македонија за Самитот на Европскиот совет кој на 13 и 14 декември ќе се одржи во Брисел. Ова посебно што мнозинството од шефовите на мисиите на државите од ЕУ се за предлогот на ЕК за одредување датум за пристапни преговори со Македонија, додека Грција и Бугарија засега се против.

Како што претходно не информираше портпаролот на Кипарското претседателство, Никос Христодулидис, наодите од извештајот на Комисијата за Република Македонија веќе се дискутираа на работната група на советот – КОВЕБ, која ги опфаќа земјите од Западен Балкан со кои се уште не се отворени пристапни преговори, заедно со другите делови од пакетот за проширување. Врз основа на овие дискусии, како и на дискусиите кои КОВЕБ ги имаше за драфт-заклучоците подготвени од Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), а кои се во согласност со предлогот на Европската комисија, се очекува Советот за општи прашања на ЕУ на 10 декември да ги договори заклучоците за проширување и за Процесот за стабилизација и асоцијација во рамки на Самитот на ЕС.

Високи дипломатски претставници на некои од земјите-членки на Унијата што инсистираат на анонимност за МИА велат дека најверојатно за судбината на Македонија на годинешниот Самит на Советот ќе биде позната по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Советот за општи работи, а кој ќе се одржи три дена пред Самитот. Но, тие не ја исклучуваат можноста и на ГАК да не може да се постигне консензус околу ова прашање, па во тој случај е можно како во 2005 година, кога Македонија стана земја-кандидат, токму на Самитот на ЕС да одлучуваат премиерите и претседателите на државите.

Општо мислење меѓу дипломатите во Брисел е дека колку повисоко се крева ова прашање, толку е подобро за Македонија, бидејќи тоа значи дека има простор за договор да и се додели почеток на пристапните преговори или барем, според последната понуда на ЕК – почеток на скрининг процесот со отворање на поглавјата 23 и 24. Како седумгодишен кандидат и четири едноподруго позитивни препораки од Комисијата, нема двојби во ЕК и кај мнозинството земји-членки дека Македонија заслужува да добие нешто на преттојниот Самит на ЕС.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он