Кинез во обид да ја прослави Кинеската нова година дома, решил да вози со велосипед од Рижао во провинцијата Шандонг до неговиот дом во Чичихар во провинцијата Хелонџијанг, односно околу 1700 километри.
Но, кинезот залутал, па бил сопрен од полиција во провинцијата Анхуи 500 километри од неговата стартна точка, но во погрешна насока.
Кога полицијата ја дознала целата приказна му платиле билет за воз и го испратиле дома.
Според кинеските медиуми, човекот бил сиромашен и живеел по интернет кафиња, но бил решен да се врати дома, па затоа се одлучил да оди со велосипед.
Од полицијата не го соопштиле неговото име, но кажале дека тој не знаел да чита мапи, па за правецот на движење информации добивал од други луѓе.
Полицијата го сопрела додека се возел во автопат, каде што е забрането за велосипедисти.