Повеќе професори, а се помалку ученици во средните училишта

Од:

Во последните 15 години во Република Македонија е забележан енормен пад на нови ученици, а зголомен бројот на вработени професори во средните училишта. Доколку во учебната 2000/2001 година 5.501 професор предавале на 93.161 средношколец, 15 години подоцна во учебната 2014/2015 година, 7.402 наставници предаваат на 83.522 ученици. За 15 години бројот на средношколци опаднал за 9.639, а бројот на професори пораснал за 1.901 наставник. На што се должи ова зголемено вработување на просветните работници доколку бројот на средношколците константно се намалува?

Најмногу наставници во средните училишта вработиле општинските власти на Тетово каде за 32 ученици повеќе тие вработиле 313 нови просветни работници. Веднаш потоа е Гостивар каде за 474 ученици повеќе, вработени се 225 нови професори.

Ваквиот негативен тренд на зголемување на бројот на професори и покрај тоа што се намалува бројот на ученици е присутен не само во западниот, туку во сите региони на државата. Во Радовиш, за нешто повеќе од една деценија бројот на ученици се намалил за 309, а бројот на професори пораснал за 22. Во Штип пак, бројот на средношколци изнесува 955 помалку отколку во учебната 2000/2001 година, а бројот на професори се зголемил за 12 повеќе.

Во скопскиот регион најголема разлика помеѓу бројот на учениците и бројот на професорите е направена во општина Карпош каде за 15 години бројот на средношколци се намалил за 1.414, а бројот на професори се зголемил за 49. Во општината Аеродром од учебната 2006/2007 до минатата година бројот на средношколци се намалил за 469, а пак бројот на професори во средните училишта е зголемен за 50.

Овие бројки се показател за неколку не побитни факти кои и се случуваат на Република Македонија во последната деценија, а тоа е намалување на наталитетот на државата, масовното иселување и користење на државната каса за подмирување на долговите и обврските на партиите кон своите активисти.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование