На прес конференција за медимуми одржана во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, Марија Јакимовска се осврна на инвестициите во железничкиот сообраќај кои што ги направила владата на ВМРО ДПМНЕ.
„Денес пристигнува 5-от нов патнички воз од вкупно 6 договорени патнички гарнитури во македонскиот железнички сообраќај. Ова е дел од првиот циклус, кој очекуваме наскоро да се комплетира, на инвестиции во македонскиот железнички сообраќај, вреден 25 милиони евра. Со овој циклус се врши набавка на 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни.
Како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во развој на железничкиот сообраќај. За прв пат после 40 години се изврши набавка на нови патнички возови и вагони за различен тип на превоз, од кој бенефит имаат сите граѓани како и фирмите кои користат железнички тип на транспорт.
Железничкиот сообраќај е најекономичниот транспорт кои го користат голем број на граѓани како и компании. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години инвестираше сериозни средства во подобрување на железничката инфраструктура. Дополнително, Во тек е уште една набавка, согласно новиот договор, со која треба да се обезбедат 4 нови електрични локомотиви во вредност од 8,7 милиони евра.
Исто така Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира не само во патничкиот, туку и во товарниот железнички превоз. Во таа насока набавени се 150 вагони од различни типови за товарен превоз со вкупна инвестиција од 15 милиони евра, кои ќе значат дополнителен стимул на македонското стопанство. Ова значи вистинска грижа за граѓаните и нивните потреби, вака се сака Република Македонија. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, доближување до европските и светските стандарди со кои се обезбедува сигурност и ефикасност, поголем број на патници и енергетска ефикасност.
ВМРО-ДПМНЕ нема да застане тука и ќе продолжи со нови инвестиции, како во железничката инфраструтура така и во патната инфраструктура се со цел да им се подобри животот на граѓаните“ рече Јакимовска.