„Комунална хигиена“ апелира скопските општини да го расчистат снегот на улиците

Од:

Скопските општини да го расчистат снегот и мразот на улиците што се под нивна надлежност и да обезбедат пристап за собирање на отпадот, апелираат од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.

Поради нерасчистените општински улици, како што се наведува во соопштението на „Комунална хигиена“, изминатиот период комуналните возила немале пристап до садовите за отпад што се поставени во овие улици и од тие причини садовите останувале неиспразнети и по неколку денови, за што има бројни реакции од граѓаните.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден поради нерасчистениот снег и лизгавоста на теренот, не се испразнети садовите на улица „Славејко Арсов“ во општината Центар, на улиците „Тафталиџе“, „Будимпештанска“ и „Џумајска“ во општина Карпош, улица „1439“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, улиците „Ѓорги Крапчев“ и „Тодор Чангов“, во општината Аеродром, улица „Халим Алимиќ“ во општината Чаир, на улица „Алексо Демниевски“ во општината Ѓорче Петров, како и улиците „Че Гевара“, „Виничка“, „Морава“ и „Македонско-косовска бригада“, во општината Шуто Оризари, стои во соопштението на „Комуналан хигиена“ Скопје.

Откако ќе се создадат услови за пристап на специјалните комунални возила ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, се наведува во соопштението, ќе продолжи со своите активности со вообичаената динамика.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски