Заев на средбата со Река: Очекуваме Груевски да го врати мандатот, СДСМ да формира Влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Р.Албанија во Р.Македонија, Фатос Река.

Претседателот Заев го информираше албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза во правец на демократските промени за коишто гласаа мнозинството граѓани на Македонија на 11 декември, како и за очекувањата за соработка со албанските партии.

-Очекуваме на 29 декември Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија, рече претседателот Заев.

Констатирано е дека на изборите во Македонија граѓаните застанаа зад концептот на заедништво наспроти концептот на поделби и дека е тоа голема придобивка за Р.Македонија.

-СДСМ во Планот за живот се обврза за квалитетен живот на граѓаните, правда и правичност, еднаквост на граѓаните, во Македонија едно општество за сите граѓани. Нашата цел е да ги спроведеме сите потребни реформи согласно извештаите на Прибе и на Европската комисија и да овозможиме евро-атлантски перспективи и за Македонија и за нашите граѓани, рече претседателот Заев на средбата со амбасадорот Река.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ