Лавров: Москва нема илузии за брзо подобрување на односите со Вашингтон

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва „не потхранува илузии“ дека затегантите односи со Вашингтон брзо ќе бидат подобрени под раководната палка на Доналд Трамп, пренесоа американските медиуми.

Пред ова, руски официјални лица го поздравија изборот на Трамп за американски претседател и изразија надеж за затоплување на билатералните односи.

Во изјавата дадена во Државната дума, Лавров забележа дека Русија нема „илузии“ дека ќе има ново рестартирање на односите со САД и нема „никакви наивни очекувања“.

„Рестартирање“ (Reset) беше терминот што Барак Обама и тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев го договорија и изговорија во 2009 година, за да го опишат зближувањето на двете земји.

Но, оваа иницијатива имаше краток век, потсетуваат американските меидуми.

Претходно денеска, Лавров кажа дека Москва ги поздрави пораките на Трамп дека сака подобрување на односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски