ЕК ги презентира првите резултати од активностите на новата европска гранична служба

Од:

Европската комисија го претстави денеска извештајот за напредокот во постигнувањето на целосна оперативност на новата европска гранична служба.

Комисијата нагласи дека се завршени важни фази, вклучувајќи ги и задолжителните резерви на вработените за брза реакција, како и обезбедување на опрема.

Вработените и техниката можат да бидат искористени за поддршка на оние држави од ЕУ, кои имаат првостепена улога и компетентност во зголемувањето на контролата на надворешните граници на Унијата.

Европската гранична агенција испратила над 1.550 свои вработени на надворешните граници. Европските граничари работат заедно со своите колеги од националните гранични служби, чија бројка изнесува сто илјади лица.

Иако тоа е најмасовната во моментов обединување на ресурсите за извршување на операција на Европската агенција, се уште постои недостиг од службеници и државите треба да преземат мерки за пронаоѓање на соодветно решение, се вели во документот.

– Заедничките инвестиции и учеството на државите со своите службеници е израз на ангажманот за споделување на одговорноста и за израз на солидарност во име на заедничкиот интерес, нагласи ЕК.

Комисијата истакнува дека е усвоената општа методологија за оценка секоја година на ранливоста на надворешните граници.

Во јануари Европската гранична агенција почна со собирање податоци за можностите на земјите од ЕУ, кои ќе служат како појдовна точка за извршување на оценките за ранливоста во текот на годината

Од 7 јанаури 690 набљудувачи и други службеници се на располагање на Европската гранична агенција за поддршка на државите од ЕУ при организирање и усогласување на операции за враќање на странците без право на престој

Од октомври 2016 година Агенцијата организирала 78 операции за враќање на 3.421 нелегален имигрант. Европската гранична агенција има право да извршува операции на територијата на соседни држави на ЕУ, по претходно постигната спогодба.

Комисијата ги посочи Србија и Македонија како приоритетни држави и денеска побара од Советот на ЕУ да одобри почеток на преговори со двете земји.

Финансирањето на Агенцијата постепено ќе биде зголемено од 250 милиони евра во 2016 година на 320 милиони евра во 2020 година, а бројот на вработените ќе се зголеми од 400 лани на илјада во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он