Унгарија ги евакуира своите дипломати од Сирија

Од:

Унгарија, која беше последната земја од ЕУ чија амбасада во Дамаск продолжи со работа, објави целосна евакуација на дипломатскиот персонал од сирискиот главен град.

Според соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи, одлуката е донесена поради „критичната ситуација“ во Дамаск.

Останатите држави од ЕУ ги повлекоа своите дипломатски мисии од Сирија уште пред неколку месеци.

Пред два дена претставништвото на ОН, исто така, донесе решение да ги евакуира своите соработници од Сирија поради неможноста да им гарантира безбедност.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија