„Порачуваме дека е недозволиво министерот за финасии во заминување, Кирил Миноски, да ги задолжи граѓаните со над 24 милиони евра повеќе од пристигнатите обврски за плаќање, без да објасни зошто!
Миноски побара 16.1 милион евра за доспеаните обврски, но ги задолжи граѓаните 24 милиони евра повеќе!
За само 24 дена, министерот за финансии во заминување им натовари на граѓаните нов нето долг од речиси 40 милиони евра!
Како да е малку ова, Кирил Миноски на меѓународна конференција пред неколку дена најави дека сакал да издаде нова еврообврзница.
Миноски и расипничката власт затоа мора да бидат спречени да ја уништуваат иднината на граѓаните, на домашносто стопанство и на државата.
Граѓаните затоа избраа промени и нова одговорна Влада којашто ќе се грижи за нивните интереси.
За сите штети врз граѓаните ќе има одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.