Адеми на неформален состанок на министри за европски прашања во Малта

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми учествуваше на неформалниот состанок на министри за европски прашања во Валета, Малта, организиран во рамките на Малтешкото претседателство со Совет на ЕУ.

Како што соопшти СЕП, за време на состанокот претставниците од земјите-кандидати имаа можност да ги изнесат своите ставови пред останатите колеги од земјите-членки на ЕУ.

Вицепремиерот Адеми нагласил дека Република Македонија е спремна да соработува со Малта и со ЕУ, како нејзин докажан партнер, во борбата против сите закани кои може да се појават на нашата граница или на надворешните граници на ЕУ.

– Нашата конструктивна улога во затворањето на западнобалканската рута за нелегалните мигранти, е јасен знак дека може да работиме заедно на координиран начин за бенефитите на нашите граѓани и граѓаните на ЕУ, рече Адеми.

Адеми истакна дека процесот на проширување мора да се врати на агендата на ЕУ како итен и неопходен, а во исто време институциите на ЕУ треба да пренесат јасна и убедлива порака на граѓаните во ЕУ за многуте придобивки, директни и индиректни, од процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан.

– Сме докажале дека сме спремни и способни да ги реализираме сите потребни реформи доколку ни се даде шанса, нагласи Адеми.

Во текот на дискусијата повеќе претставници на земјите-членки посочија на важноста на политиката на проширувањето да остане високо на агендата на ЕУ бидејќи тоа е инвестиција во мирот и стабилноста на целиот континент, а на земјите-кандидати треба да им се даде јасна визија за нивната европска перспектива, соопшти СЕП.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада