Дел од корисниците од улиците „Алберт Станиќ“, „Војдан Чернодрински“ и „Рифат Бурџевиќ“ во општина Чаир утре од 14:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.