СДСМ: Гарантирана шанса за младите – вработување, пракса или мастер!

Од:

„Преземаме обврска преку шансите за вработување и образување да ги мотивираме младите луѓе да живеат во Македонија.

Ќе овозможиме секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за подготовка за вработување, во првите четири месеци по завршување на школувањето!

Со тоа ќе овозможиме активност на секој млад човек веднаш по завршувањето на високото образование и ќе отвориме пат за негов професионален развој.

Во Планот за живот во Македонија, исто така, се обврзавме дека на факултетите ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот, со можност за пократки студиски програми, што овозможуваат практични знаења на дипломираните студенти.

Што се однесува до шансите за млади претприемачи, преку реални мерки ќе ги олесниме на младите во одлуката да отворат сопствен бизнис.

Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис идеја. Младите луѓе ќе добијат шанса во старт ап центрите каде новоотворени компании ќе добијат бесплатен деловен простор. Ќе овозможиме отворање фирма со само едно евро влог. Ќе обезбедиме поволни кредити до 15.000 евра со само 1 процент камата за отворање микро бизнис.

Најмалку 626.312 луѓе, меѓу нив најголем број млади, се иселија од Македонија поради тоа што не ја гледаа својата иднина во Македонија. Младите беа првите кои го јасно го кренаа својот глас против уништувачките политики на досегашната власт. Тие си ја бараат својата шанса за живот во родната земја. На изборите, над 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени и живот.

Затоа итно е потребна нова Влада којашто ќе обезбеди живот за младите и за сите граѓани во Македонија.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот кој го избравме“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски