ОН: Цивилите во западен Мосул се во екстремна опасност

Од:

Околу 750.000 луѓе кои живеат во западниот дел на Мосул, што е под контрола на џихадистите се во голема опасност, предупредија денеска Обединети нации, сто денови откако во Ирак почна обемна операција на ирачките сили со цел повторно заземање на градот.

– Се надеваме дека се се прави за да се заштитат стотина илјади луѓе кои се наоѓаат преку реката, во западниот дел. Знаеме дека тие се во екстремна опасност и стравуваме за нивните животи, изјави хуманитарната координарка на ОН за Ирак, Лиса Гранде.

Десетина илјади припадници на ирачките сили на 17 октомври ја почнаа најголемата воена операција во последните неколку години, со цел преземање на контролата од ИД над вториот по големина град во Ирак.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак