(ВИДЕО) Месиќ: Јасеновац беше „работен логор“

Од:

На Јутјуб се појави изјава на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, на која тој ги релативизира и демантира усташките злосторства во Јасеновац, тврдејќи дека тоа бил „работен логор“, но дека луѓето кои биле во него се „практично спасени од смрт“.

Снимката со оваа изјава, според Index.hr наводно настанала во 1992 година во Новска.

Месиќ на истата снимка тврди дека Јасеновац работел до 1947 година и додаде дека Јасеновац бил „работен логор“, во кој би требало да биде доведена „светската комисија“, која би ја утврдила вистина.

За Месиќ, инаку последниот претседавач на Претседателството на СФРЈ, во 1992 година значело дека оној, кој бил во Јасеновац нема да биде убиен, туку само користен како работна сила.

– Луѓето умирале, како што луѓето во војната и инаку умираат, од тифус од дезинтерија. Но тоа беа работни погони. Било глупаво некој да го научите да обработува кожа, а потоа да го убиете, рече тогаш Месиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер