Мајк Помпео одобрен од Сенатот за нов директор на ЦИА

Од:

Сенатот на САД одобри конгресменот од Канзас, Мајк Помпео да стане директор на ЦИА. Тоа се случува и покрај несогласувањето на некои конгресмени дека тој може да одобри екстремни техники при распит кои според многумина се на ниво на измачување, јавија американски медиуми.

Номинацијата на Помпео беше одобрена со 66 гласа „за“ и 32 „против“.

Помпео застанува на чело на ЦИА во критичен момент за националната безбедност на САД кога разузнавањето, традиционално сметано за надпартиско, е во центарот на политичката арена, нагласуваат американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија