Администрацијата на Барак Обама последните часови од мандатот одобрила 221 милиони долари за Палестинската Автономна Област, и покрај тоа што помошта била блокирана од републиканците во Конгресот, изјави неименуван претставник на Стејт департментот.
Покрај 221 милиони долари, администрацијата на Обама го известила Конгресот дека на Палестинската Автономна Област и доделува и шест милиони долари за расходи во областа на надворешната политика, вклучително четири милиони за програми во областа на климатските промени и 1,25 милиони долари за организации на Обединети нации.
Конгресот првично одобрил помош за Палестинците од буџетот за 2015 и за 2016 години, но тие беа блокирани од неколкумина републиканци поради барањето на палестинските власти да добијат полноправно членство во меѓународни организации.