Лавров: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД

Од:

Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, што ќе биде засновано врз рамнотежа на интересите, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Не се вознемируваме премногу, но ќе бидеме подготвени да дадеме свој придонес за нормализирање на односите со САД. Тоа е можно само ако е засновано на рамноправност, взаемно почитување и рамнотежа на интересите, таму каде што имаме заеднички цели, како што е борбата против тероризмот, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија на прес-конференција по средбата со унгарскиот колега Петер Сијарто истакна дека Москва внимателно го следи развојот на ситуацијата во САД и веќе забележала дека голем број надворешнополитички приоритети на американскиот претседател Доналд Трамп се согласно ставовите на Русија.

– Гледаме дека многу важни надворешнополитички прашања кои ги спомена Трамп се согласуваат со она што го кажа рускиот претседател Владимир Путин за руските надворешнополитички приоритети, нагласи Лавров.

Тој порача дека Москва е подготвена да ги земе предвид одредени предлози на Трамп, како на пример начините за борба против тероризмот кои ќе ги претстави администрацијата на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски