Прекин на испораката на струја во неколку гевгелиски села поради дефект на 10 киловолтниот далекувод

Од:

Покрај зголемената потрошувачка на електрична енергија регистрирана од почетокот на годинава, ниските температури и снежните наноси ја прекинаа испораката на струја во неколку планински и подпланински села во општина Гевгелија поради дефект на 10 киловолтниот далекувод.

Од енергетскиот центар на ЕВН во Гевгелија денеска соопштија дека за време на викендот било нормализирано електроснабдувањето во селата Негорци, Смоквица, Прдејци и Милетково и дека вчера во попладневните часови под напон се ставени планинското одморалиште Смрдлива вода, Ски центарот Кожуф и планинските села Серменин и Конско.

Дежурните екипи на ЕВН од Гевгелија поради високите снежни навеви не биле во можност да го отстранат само дефектот на линијата што го напојува со струја планинското село Ума. Поради тоа во текот на вчерашниот ден до најблиското проодно место транспортирале специјална санка со која ќе се пробијат до лоцираното место на дефектот и во текот на денот и ова село ќе добие струја.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја