Швајцарецот Роџер Федерер избори пласман во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денеска во пет сета го совлада кеи Нишикори.
Јапонскиот тенисер го доби првиот сет на тај-брејк (7:6), во вториот и третиот беше подобар Федерер со 6:4, односно 6:1, потоа Нишикори израмни на 2-2 дпобивајќи го четвртиот сет со 6:4, а во решавачкиот петти сет беше 6:3, за поранешниот прв светски рекет.
Претходно, утринава место во следната фаза обезбедија: Миша Зверев (Германија), Стан Вавринка (Швајцарија) и Жо-Вилфред Цонга (Франција).
Формирани се и првите четвртфинални двојки:
Зверев – Федерер и
Вавринка – Цонга.