Откриен бугарски државјанин кој злоупотребувал платежни картички

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против бугарскиот државјанин К.З.З. (37), поради сомнение дека е сторител на кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавениот, како што информираат од МВР, со намера да прибави противправна имотна корист, во текот на овој месец прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички, со кои извршил повеќе успешни нелегални трансакции на продажно место хотел правно лице од Скопје, во вкупен износ од 384.064 денари.

К.З.З. со картичка на „Американ експрес“ направил трансакција со рачен внес на број на картичката, без физичко присуство на картичката, односно резервацијата е направена преку претходна коресподенција преку електронска пошта за 30 дневен престој за две лица. Пријавениот дошол на 7 јануари, а на 12 јануари сакал да се одјави при што побарал остатокот од парите да му бидат исплатени во кеш.

Од банка во Скопје е проверена оваа транскација, при што тие добиле потврда од банката издавач на платежната картичка дека станува збор за „Фрауд“, односно за нелегална трансакција.

По претходно добиена пријава од страна на истата банка, на 12 јануари е излезено на терен и од хотелот е приведен пријавениот К.З.З. и однесен во Полициската станиц Центар кој во разговорот со полициските службеници изјавил дека престојот во хотелот му е платен од страна на фирмата за која работел од Австралија, како награда. Во однос на плаќањето незнаел ништо, и немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички. За време на престојот во Скопје, бил во центарот на градот, во трговски центар, како и на аеродромот „Александар Велики“ за да си резервира авиобилет за Дубаи за 13 јануари годинава, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки