Домаќинот на ракометниот Мундијал Франција во спектаклот на адаптираниот стадион во Лил пред околу 28.000 гледачи го победи Исланд со 31:25 и се пласира во четвртфиналето.
Место мешу осумте најдобри синоќа обезбедија и Словенија по триумфот над Русија со 32:26, како и Шпанија која се намачи со Бразил победувајќи со 28:27.
Претходно Норвешка ја елиминираше Македонија (34:24) и се пласираше во следната фаза.
Денеска во преостанатите осминафинални дуели се среќаваат:
Белорусија – Шведска,
Унгарија – Данска,
Германија – Катар и
Хрватска – Египет.