Меѓународен саем за образование и странски јазици

Од:

Меѓународен саем за образование и странски јазици денеска ќе се одржи во Музејот на македонската борба, во организација на македонската специјализирана агенција за едукативни патувања во странство – Едутравел.

На саемот ќе бидат презентирани сите програми достапни преку Едутравел, меѓу кои и програмите на КУБ од Белград чиј застапник во Македонија е Едутравел.

– Саемот ќе биде информативен, а учесници се претставници од училишта од Велика Британија, Австрија, Швајцарија и Бугарија кои пред присутните детално ќе ги промовираат своите програми достапни за младите од Македонија, соопшти Едутравел, која го организира саемот заедно со компанијата КУБ од Белград, која повеќе од 25 години успешно посредува во организација на образовни програми во земји од Европа и САД.

Првиот саем е именуван КУБ ЕДУКО 2017 и, според најавите, во план е да стане традиционален и секоја година да го зголемува бројот на учесници од странство кои директно пред заинтересираните ќе ги презентираат своите програми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро