Бочварски: Во 21 век недозволиво е да има завеани села и градови

Од:

Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ ги повика централната власт во заминување и општинските власти сериозно да ја сфатат својата одговорност и да им овозможат на жителите на отсечените населени места да се поврзат со светот.

Еве што кажа Бочварски:

Во 21 век недозволиво е да има завеани села и градови, во услови кога ниту врнеше снег со денови, ниту пак се работи за населени места на огромни недостапни височини.

Денеска сум во Крива Паланка да видиме какава е ситуацијата овде, по барање на граѓаните кои немаат каде да се обратат, бидејки институциите едноставно не функционираат.
Она што го видов, завеано е село Нерав и Дренак, делови од Дурачка река и Борово. Овде имаат проблеми и со прекини на струја.
Ова не се единствените населени места каде жителите со денови загрижено се надеваат дека утре е тој ден кога некој ќе се сети на нив.
Од информациите што ги имаме, во општината Маврово Ростуша непороодни се патни правци кон 5 населени места (Врбјане, Нисторово, Волковија, Беличица и Сретково).
Во Радовиш, населбата Куклевица е целосно под снег и граѓаните само ако е нешто итно прават обид да стигнат до центарот. Плоштадот во градот е опасно лизналиште за минувачите, а непроодни се селата во повисоките места. Има проблеми и во прилепските села Канатларци, Тополчани, Коњари, но и во мариовските села.
Медиумите веќе известија дека проблеми имаат и жители во завеаните села Малино и Брест, како и повеќе села под Китка.
Не само што се непоодни патиштата туку луѓето имаат проблеми и со старите, дотраени, неквалитетни инсталации. Во Гевгелија и во Штип пукаат водомери на граѓаните, како и делови од водоводната мрежа, а според информациите што ги имаме, луѓето се оставени сами да ги решаваат своите проблеми.
Сето ова е последница на криминалните политики на власта на Никола Груевски којашто не се грижеше за потребите на граѓаните.
Помогнавме вчера во штипско Селце, ќе помогнеме повторно кадешто можеме. Ги повикуваме и граѓаните и претпријатијата кои се во можност солидарно да вклучат и да помогнат.
Но граѓаните избраа промени и итно се потребни институции што ќе работат во служба на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижела за граѓаните и државата, само крадела од народните пари

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените