Во унгарскиот автобус со ученици загинаа 16, а најмалку 26 се повредени

Од:

Најмалку 16 лица загинаа, а 26 се повредени кога ученички автобус со унгарски регистарски таблици синоќа удри во столб на автопат во северниот дел на Италија и се запали, потврди денеска италијанската полиција.

Повредените патници се пренесени во болница во Верона. Вкупно 39 луѓе ја преживејаа несреќата, иако некои од нив се тешко повредени.

– Еден патник се наоѓа во кома и е во животна опасност, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.

Тој нагласи дека возачот на автобусот ја загубил контролата врз воланот, а истражните органи не пронашле траги на запирање.

Сијарто додаде дека има информации оти во возилото се наоѓале 54 патници, меѓу кои две возрасни лица, како и двајца странски возачи, но дека засега од непознати причини верува дека имало и повеќе патници.

Во автобусот патувале ученици од Унгарија на возраст меѓу 14 и 18 години, кои се враќале од екскурзија во Франција.

Началникот на италијанската полиција Џироламо Лакванити нагласи дека во инцидентот не учествувало ниту едно друго возило и засега не се знае зошто автобусот удрил во столб.

Еден словенечки возач на камион, кој возел зад автобусот, изјавил за италијанските медиуми дека забележал проблем со една од гумите на автобусот и се обидел да го предупреди возачот но тој не реагирал доволно брзо.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта