Сообраќајот во зимски услови, магла со видливост до 100 метри во Кочани

Од:

ЈП Македонијапат во пладневниот извештај соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нивните дежурни екипи. Магла со видливост до 100 метри има во Кочани.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат информира дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска