ДОМ бара бесплатен јавен превоз, наместо недостапни електронски билети

Од:

ДОМ бара градот Скопје да овозможи бесплатен јавен превоз за граѓаните како една од итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Тоа што снежните врнежи овозможија неколку дена да дишеме почист воздух, не значи дека проблемот со аерозагадувањето е решен. Повторно дишеме неколку кратно над дозволените граници загаден воздух, што е причина за 1300 смртни случаи годишно.

Со воведувањето задолжителни електронски билети ЈСП Скопје создаде хаос во градскиот превоз. Граѓаните се жалат на недоволна информираност, недостаток на електронски картички и продажни места за нив. Тие се принудени да користат автомобилски транспорт со што уште повеќе се зголемува аерозагадувањето.

Стимулирањето на користењето на јавниот транспорт е важна мерка за намалување на аерозагадувањето. Затоа ДОМ во 2013 година спроведе кампања “Јас се возам со автобус” и предложи воведување Зелен дневен билет, по цена од 60 денари, со важност од 24 часа, за сите линии и Семеен викенд билет, по цена од 250 денари, за сите линии, за време на викендот.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски