Канадскиот премиер сака зацврстување на партнерството со САД

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо упати поздрави до новиот американски претседател Доналд Трамп и изрази желба Канада и САД да го зацврстат партнерството во областа на безбедноста и добрата соработка меѓу двете земји.

– Канада и САД имаат изградено една од најтесните врски во светот. Тоа цврсто партнерство е одлучувачко за нашата заедничка благосостојба и безбедност, напиша Трудо во поздравната честитка до Трамп.

Тој нагласи дека „економиите на двете земји се силно интегрирани благодарение на здрави врски во трговијата и инвестициите“, додавајќи дека три четвртини од извозот на Канада заминува во САД.

Канада е подготвена да го предоговори северноамериканскиот договор за слободна трговија меѓу двете земји и Мексико, за што настојува Трамп.

Трудо истакна дека со нетрпение очекува да работи со Трамп и американската администрација, како и со државните и локалните власти, „за овозможување благосостојба на средната класа од двете страни на границата и создавање на побезбеден и помирен свет“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија