CNN: Најрадикалниот говор досега

Од:

Аналитичарите на CNN наведуваат дека говорот на претседателот на САД, Доналд Трамп е најрадикалниот говор во историјата на инаугурациите.

Тие исто наведуваат дека говорот бил чист популизам, како и тоа дека Трамп го критикувал естаблишментот и говорел против Вашингтон додека стоел во “самото средиште на градот“.

Новиот претседател во говорот кажа дека 20 јануари, 2017 година е датумот кога “власта му се враќа на народот“.

-Секои четири години се собираме овде да го прославиме мирното предавање на власта. Овој пат не ја пренесуваме власта од една на друга администрација, туку ви ја враќаме вам, на народот, рече Трамп.

-Естаблишментот се штитеше самиот себе. Нивните победи не беа ваши победи, нивниот триумф не беше ваш триумф. Овој момент е ваш момент, ви припаѓа вам. Им припаѓа на сите кои се овде и кои ова го гледаат. Ова е ваш ден, ваша прослава, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња