Македонија претставена на Конференција за активен туризам во Лондон

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на државата на Конференција за активен туризам и бизнис во Лондон, на која се присутни 200 учесници – излагачи, тур-оператори и медиуми.

Како што информира Агенцијата, на конференцијата особен интерес, побудиле планинско-велосипедските патеки и европската пешачка патека во источниот дел на Македонија, како и винскиот пат и ено културата.

Од Агенцијата наведуваат дека најава за посета има од еден од најпознатите тур-оператори за организирање патувања на туристи (50+) во Македонија, што ќе биде организирана и за специјализираната компанија за див живот, која ќе ја понуди Македонија како нова дестинација за набљудување птици.

Интерес за состанок со претставници на Агенцијата покажале 13 британски тур-оператори кои ќе ја вклучат Македонија во своите програми веќе од ова лето.

Директорката на Агенцијата Лела Крстевска, рече дека особено значајно е што на средбите биле тур-оператори кои изразиле интерес во Македонија да носат туристи директно, во непосреден контакт со македонски агенти, а не со посредство на агенции од соседството, како што беше случај до сега.

– Фактот дека Лондон и Скопје се директно поврзани градови со летовите на Визз Аир е од особено значење за овој вид на туризам, изјави Крстевска.

Од Агенцијата посочуваат дека активниот туризам во Македонија станува се поактрактивен и експлоатиран, особено после одржувањето на Регионалната конференција во мај минатата година во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ