СДСМ: Ќе ги намалиме казните, ќе ги вратиме опомените!

Од:

„Ќе воведеме нов пристап во казнената политика и ќе ги намалиме огромните извршителски, адвокатски и нотарски трошоци на граѓаните.

Вкупните трошоци, судски такси и трошоци, адвокатски, нотарски или извршителски трошоци (кумулативот) нема да може да биде побисок од 20 проценти од спорот. Каматите (кумулативно) нема да смее да бидат повисоки од 50 проценти од висината на главнината. Ова се однесува за семејствата чиј просечен месечен приход е понизок од една просечна месечна плата.

Со ова ќе им помогнеме на граѓаните во справувањето со огромните напластени долгови и камати за кредитите и картичките што ги подигнале за да преживеат во услови на големата сиромаштија. И поради тоа секој ден живеат со притисоци од судски опомени и извршители, што ја продолжува нивната мака.

Исто така, нема да има каква било казна, без претходна опомена.

Досегашните казни во илјадници евра со кои се соочуваат фирмите ќе ги замениме во првична опомена. Тогаш на претпријатието ќе му бидат објаснети прекршените законски одредби и начинот како треба да се работи, бидејки искуството покажува дека има случаи каде некои од фирмите го прекршиле законот поради недоволно познавање на законите.

Казна ќе има само ако прекршокот се повтори.

Исто така ќе воведеме јавен регистар на инспекциски контроли во фирмите. Нашата цел е со ова да спречиме какво било самоволие во вршење испекциски котроли, политички притисоци или рекетирање фирми како што тоа го прави власта во заминување.

И остануваме на нашите определби за усогласување на казните за фирмите според нивните приходи. Не може дуќанче кое вади пари само за леб и огромни компании кои вртат милиони евра, да плаќаат иста висина на казна.

За сето ова да се реализира потребна е нова одговорна Влада граѓаните на Македонија. Граѓаните затоа гласаа за промени.

Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот кој го избравме“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата