Се чисти патот кон поткожувските села Рожден и Мајден

Од:

Се чисти патот кон поткожувските села Рожден и Мајден, сите патни правци во општина Кавадарци се проодни, а сообраќајот се одвива во зимски услови со висок снег и ниски температури, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

– Се препорачува внимателно возење. Се уште на сила е препораката без потреба да не се патува во селата од Бошавијата, соопштија од општинската Служба за информирање.

Информираат дека снежната покривка во градот изнесува дваесетина, а во ридско-планинскиот дел, четириесетина сантиметри.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози