Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 10 часот е укината забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.