Кандидатот на Трамп за министер за финансии со услови за санкциите кон Русија

Од:

Доналд Трамп би можел да ги укине антируските санкции во случај “ да биде склучена поволна спогодба за нуклеарното вооружување“, изјави кандидатот за министер за финасии на САД, Стивен Мнучин.

Тој ова го изјави на расправата за неговата кандидатура во одборот за финансии во американскиот сенат. Кандидатот на Трамп изјави дека апсолутно го поддржува продолжувањето на рестриктивните мерки против Русија.

Трамп претходно изјави дека САД би можеле да ги укинат санкциите против Русија во замена за блетерална спогодба за намалување на нуклеарното вооружување. Коментирајќи ја оваа изјава прес-секретарот на рускит претседател, Дмитриј

Песков рече дека Русија не планира да го намали нуклеарниот арсенал.

Кандидатката за постојан пратеник на САД во ОН, Ники Хејли изјави дека новата американска власт планира да разработи политички план за Русија, вклучувајќи и нови санкции.

Би можело да ве интересира

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

Трамп: Не ја исклучувам можноста за употреба на воена сила во Гренланд и во Панамскиот канал

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Трамп: Бајден прави се што е во негова моќ да го отежне трансферот на власта