Магистралениот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце во 10:30 часот е пуштен за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно укинати се забраните за камиони и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и на планинските превои Плетвар и Стража.
Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, како и на патниот правец Валандово – Дојран.