Ирачките сили го ослободија источиот дел на Мосул

Од:

Ирачките сили презедоа контрола над целиот источен дел на Мосул, откако ги протераа екстремистите од групата Исламска држава (ИД), соопшти денеска ирачката Антитерористичка единица.

Командантот на единицата, генерал Талиб Шегати на прес-конференција го објави ослободувањето на територијата на Мосул левиот брег на реката Тигар, што го дели градот на два дела.

Тој нагласи дела ова претставува „непроценлив“ успехот на ирачките сили.

Напредокот е постигнат по повеќе од три месеци од почетокот на операцијата за ослободување на Мосул и откако ирачката војска ги зазема и последните населби од источниот дел на градот, што беа под контрола на ИД.

Мосул е втор град по големина во Ирак и најзначајното упориште на ИД во земјата, кој џихадиститешто го зазедоа во 2014 година кога воспоставија контрола над големи региони во северниот и западниот дел на Ирак.

Би можело да ве интересира

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија