Иран не сака САД да учествуваат во преговорите за Сирија во Астана

Од:

Иран, кој е главен поддржувач на сириските власти, е против учеството на САД во мировните преговори за Сирија во Астана, што ќе почнат в понеделник.

– Се огласуваме против учеството на САД во преговорите и не сме ги поканиле, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, чија земја заедно со Русија и Турција ги договори тие преговори.

– Во оваа фаза треба да ја задржиме трилатералната рамка, секое проширување вон неа може да доведе до неуспех на преговорите. Нашата политика е засега да не повикуваме други земји, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.

Тој изјави дека прво треба да бидат постигнати резултатите во Астана и потоа врз основа на тие први чекори да се размислува за покана на други држави за учество во преговорите.

Иранскиот став е изразен во момент кога Русија изјави дека е праведно новата американска Администрација на Доналд Трамп да биде поканета на преговорите во Астана. Анкара неколку пати напомена дека САД биле поканети на преговорите.

Сириската Влада и опозиција составија делегации за преговорите во Астана, јави ДПА.

Владата ќе испрати делегација од десет лица, предводена од постојаниот претставник на Сирија во ОН, Башар ал Џафари. Во делегацијата ќе има дипломати, политичари, воени лица и претставници на силите за безбедност.

Делегацијата на опозицијата ќе биде составена од осум лица од бунтовничките групи и од девет политички, правни и технички советници. Таа ќе биде предводена од Мохамед Алуш, еден од лидерите на групацијата „Армија на исламот“.

Би можело да ве интересира

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Горан Наумовски

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Аракчи: Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израелската авијација го пустоши Либан, копнената инвазија е неизбежна, следува хаос